Детето од Ѓорче со тежок потрес на мозокот и скршеница на черепот задржано во болница

Детето што вечерва беше повредено во сообраќајка на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на черепот и тежок потрес на мозокот, информира за МИА дежурниот лекар на Клиниката за неврохирургија д-р Александар Чапаревски.

Според Чапаревски, детето ќе биде задржано на опсервација.

Незгодата се случи откако возило „опел астра“ удри во детето, а набрзо потоа жителите од „Борис Сарафов“ го блокираа сообраќајот во знак на револт поради брзото возење и непочитувањето на сообраќајните знаци. 

 

 

 

16.04.2018 - 08:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега