Македонскиот фришоп ќе биде поевтин од грчкиот

Акционерското друштво „МДФ Интернационал груп“ кое стопанисува со продавницата во меѓуграничниот простор на Македонија и Грција, за помалку од еден месец остварува задоволителни резултати.

Директорот Миле Алчинов вели дека ќе се трудат прометот да биде зголемен затоа што меѓу граничните премини  Богородица и Евзони годишно транзитираат од 5 до 6 милиони патници.

„Купувачите ќе ги привлечеме со поевтини производи од грчкиот фри шоп. Кај нас со пониски цени се продаваат цигарите и алкохолните пијалоци, а многу поевтини се и кондиторските производи кои во Македонија се оданочени само со пет отсто“, вели Алчинов, пренесува Економски.мк.

Во продавницата која е отворена после 15 години, може да се купат текстилни прозводи, спортска облека, алкохол и цигари,а најдоцна до следната туристичка сезона ќе биде отворена и кафетерија.

10.09.2013 - 14:26

најчитано сега