Драма во радовишко - украл дрва, па со тракторот бегал од полицајците

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 27-годишниот А.Т. село Ораовица, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“ во врска со кривично дело „кражба”. 

На 30.03.2018 година во 19.05 часот во село Оравица полициски службеници се обиделе да сопрат трактор, управуван од пријавениот.Тој не застанал, го сменил правецот на движење и избегал. По преземени мерки, тракторот бил пронајден во село Оравица во дворното место од куќата на С.Ј.

Притоа, до тракторот биле пронајдени нежигосани дабови огревни дрва, за кои пријавениот не поседувал соодветна документација.

 

 

 

 

15.04.2018 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега