Застрашувачка глетка во Штип - со пиштол во рацете лежел на тревник во парк

Вчера во 19:30 часот во Полициската станица Штип било пријавено дека во паркот „Суитлак“ на улица„Генерал Михајло Апостолски“ маж лежи на тревната површина од паркот и во рацете држи пиштол.

Лицето со возило на Брза помош е пренесено во Клиничка болница-Штип, каде што од страна на дежурен лекар е константирано изместување на лактот на раката, а по санирање на повредата ќе биде задржан на психијатриското одделение при Клиничка болница Штип. Од страна на полициски службеници во СВР-Штип константирано е дека станува збор за 43-годишниот Р.П. од Штип.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

 

14.04.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега