Двајца скопјани ограбени на автобуска постојка

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“. 

На 04.04.2018 година околу 19:40 часот на автобуска постојка на ул. „Димитрије Чуповски“ пријавениот го искористил невниманието на две лица. Од едното лице одзел паричник со лични документи, банкарски картички и пари, а од другото лице одзел службена легитимација за физичко обезбедување од агенција за обезбедување.

 С.С. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Центар. Во разговор со полициските службеници тој го признал делото, а веднаш потоа одземените предмети им биле вратени на оштетените.

 

 

 

14.04.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега