Нема зголемување на платите за просветните работници

Платите за просветните работници засега ќе останат исти, објави Телма. Професорите и нивните соработници ќе чекаат прво да се пополни буџетската дупка од 5 милиони евра. Министерката за образование и наука, Рената Дескоска тврди дека одредени амандмани на опозицијата се технички неисправни, нерабирливи и неприменливи.

- „Бараат еднојазичен печат, а законот кој тие го донеле е истиот да биде довјазичен. Опозицијата бара деканот да не може да распишува студентски избори, а вие знаете што се случи пред некоја година, па така ако нема легитимни пртетставници на студентите, не можат да се решаваат пробелемите. Со тоа, деканот мора да ги распише изборите за тие де бидат легитимни“, вели Дескоска.

Поради долговите, Дескоска ја стави под знак прашалник и изградбата на студентскиот град, што беше ветен од актуелната влада, а засега се планира само реновирање на студентскиот дом „Стив Наумов„ и завршување на реновирањето на крилото во „Гоце Делчев„. Најави дека државата ќе ги плаќа и комуналните трошоци на сите  факултети, за да нема проблеми со греењето како досега. Амандманите на ВМРО ДПМНЕ ги нарече неразбирливи,  технички неисправни и неприфатливи.

 

 

 

13.04.2018 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега