Филипче се сретна со членови на УО на Стопанската комора на Македонија и Турција

Министерот за здравство Венко Филипче денеска присуствуваше на седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија и Турција - МАТТО. 

Министерството за здравство на својата веб страница објави дека целта на средбата била запознавање со проектот за изградба на нов клинички центар.

Во рамки на средбата биле разгледани и можностите за вклучување на членките на оваа Стопанска комора во градежните работи, како и набавката на нова опрема и нови технологии во здравствениот систем преку концептот на јавно-приватно партнерство. 

 

 

 

13.04.2018 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега