Автомобилот подморница на Џејмс Бонд продаден за 650.000 евра

Автомобилот кој може да се претвори во подморница а кој беше дел од филмскиот проект на Џејмс Бонд“ во „Шпионот што ме сакаше“ на синоќешната аукција во Лондон беше продаден за 550.000 фунти. По завршување на снимањето на филмот истото било ставено во складиште на Лонг Ајленд кое било платено десет години однапред. Потоа автомобилот наречен „влажната Нели" заедно со другите предмети од магацинот на аукција на невидено во 1989 година бил купен од една двојка.

По интензивното наддавање на аукцијата белиот „Lotus Esprit" е продаден на понудувач кој учествувал телефонски на продажбата на колекционерски автомобили во организација на аукциската куќа „RM Auctions"

10.09.2013 - 12:08

најчитано сега