Го удрил со возило па побегнал - повреден старец во Кисела Вода

Во 21 часот и 15 минути синоќа, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје пријавиле дека кај нив на преглед се јавил 85-годишниот Ж.Т. од Скопје.

Тој изјавил дека околу 13 часот на булеварот „Борис Трајковски“, кај место викано „Чешма“, бил удрен од непознато патничко возило додека управувал мопед со скопски регистарски ознаки.

Веднаш по настанот, возачот на возилото го напуштил местото.

Во незгодата Ж.Т. се стекнал со тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

 

 

 

12.04.2018 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега