Страшна несреќа утрово на патот Штип-Пробиштип - возило излета од коловозот

Утрово во 6 часот и 50 минути на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на раскрсницата кај село Крупиште, патничко моторно возило „Ленд ровер“ со штипски регистерски таблици управувано од 25-годишниот Г.С. од Пробиштип излеталo од коловозот. 

Со возило на итна медицинска помош Г.С. бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип бил извршен увид. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

09.04.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега