Алијансата на Албанците информира дека нема да биде дел од нова владина гарнитура без избори
Алијансата за Албанците вчера го одржа своето прво Централно собрание во Кичево, по партискиот конгрес кој се одржа на 10 март 2018 година, на која беа избрани дел од раководството на партијата, имено генералниот секретар, централното претседателство, претседателот на Академија и комисијата за статутарно-правни работи.
Генерален секретар на партијата едногласно се избра г-дин. Арбен Таравари, кој беше потврден во оваа функција за втор мандат; претседател на Политичката академија на Алијансата за Албанците, беше избран за г-дин. Халил Снопче, универзитетски професор.
Алијансата за Албанците информира дека партијата ќе продолжи да го реконструира раководството и истовремено да ги надополни и другите партиски тела.
Собранието на Алијансата за Албанците, по дискусиите околу актуелната политичка ситуација во Македонија, донесе два заклучоци:
1. Алијансата за Албанците ќе продолжи да ги поддржува напорите и охрабрувајќи го меѓународниот фактор и македонската влада да го решат проблемот со името, но потсетувајќи ги сите страни вклучени во процесот, дека било кој предлог за името треба да биде меѓународно преведен и никако не треба да асоцира еднострано, само на јазикот и писмото на една одредена етничка заедница во земјата. На овој начин решавањето на овој повеќегодишен проблем ќе ја одрази мултиетничката реалност на земјата и ќе има важна улога во градењето на мирот, стабилноста и долгорочната толеранција во земјата.
2. Алијансата за Албанците ја информира јавноста дека на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да му претходи парламентарен изборен процес. Оваа едногласна одлука на АА се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото, се вели во соопштението на партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа