Мнозинството Американци против напад на Сирија

Голем број на американски граѓани се против воен напад на Америка над Сирија. Кампањата на Обама за одговор на наводното користење на хемиско оружје на Башар ел Асад не наидува на одобрување кај американскиот народ. 

Според анкетата што ја спроведе агенцијата АП само 20 отсто испитаници сметаат дека воената акција на САД во Сирија ќе ги одврати другите земји во иднина да го користат своето оружје за масовно уништување.

Ваквото истражување било спроведено од 6 до 8 септември и опфатила 1.007 испитаници ширум САД. Американците се противат и на ограничените напади, а 53 отсто од испитаниците изразиле стравување дека САД, во случај на напад, ќе мораат долго време да бидат воено ангажирани во Сирија.

Анкетата покажа дека 61 отсто од испитаниците сакаат Конгресот да се изјасни против воена акција, 26 биле „за“, додека останатите биле неопределени.

Испитувањето, исто така,  покажа дека 54 отсто од испитаниците не го одобрува начинот на кој Обама одговори на кризата во Сирија.

И анкетата на агенциите Ројтерс и Ипсос покажува дека Американците, како што добиваат нови информации за наводното користење на хемиско оружје, се повеќе се против американска воена интервенција во Сирија.

Според оваа анкета, 63 отсто Американци се противат на интервенцијата, што е за 10 отсто повеќе во однос на крајот на август.

Само 16 отсто Американци веруваат дека САД треба воено да се ангажираат.

Само 26 отсто од анкетираните Американци навеле дека САД треба да интервенираат и доколку се докаже дека Ал Асад користел хемиско оружје. Околу 52 отсто испитаници се изјасниле дека американската војска не треба да се меша во конфликтот под овие околности.

Според анкетата што ја спровеле Си-Ен-ЕН и ОРЦ, 59 отсто испитаници сметат дека Конгресот не треба да одобри никаква воена акција во Сирија, при што повеќе од 70 отсто од нив веруваат дека евентуалниот напад нема битно да придонесе за американските цели и интереси.

Кога Конгресот би усвоил резолуција со која ќе се одобри интервенција, 55 отсто Американци и натаму ќе се противат на воздушните удари врз цели во Сирија, а без резолуција на нападите ќе се противат 71 отсто од нив.

И весникот „Ју-Ес-Еј тудеј“ спроведе анкета во самиот Конгрес, каде од 533 членови на на двата дома само 44 се изјасниле дека ќе гласаат за резолуција, а 149 се изјасниле против. 

10.09.2013 - 09:20

најчитано сега