Почнале да ги удираат со пакли и шишиња: Драма за Велигден во Прилеп

Во 05 часот 32-годишниот Б.С. пријавил дека во Прилеп на улицата “Ариепископ Доситеј“ додека бил паркиран со своето возило заедно со 26-годишниот А.П. а позади него биле паркирани со две возила неговите другари Ѓ.К., Б.Д., И.Ш., Ш.И. и С.Ш, покрај возилото на Б.С. застанал џип “ Фронтера“, во кој биле лицата К.П. и А.М. и уште две други лица кои седеле во задниот дел од возилото.

Тие започнале расправија со Б.С. при што сите излегле од возилата. К.П. при излегување од задниот дел на возилото извадил дрвена палка и кога Б.С. го забележал тоа влегол во своето возилото, го стартувал со намера да замине, но едно од четирите лица од “фронтерата“ фрлило со стаклено шише кон неговото возило при што го скршило задното ветробранско стакло.

Според пријавеното, К.П. почнал со палката да удира по С.Ш и Б.Д.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

08.04.2018 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега