Малолетник од Скопје синоќа прободен со нож

Во 01 часот по полноќ во Полициската станица Ѓорче Петров, 51-годишниот Е.С. пријавил дека околу 22 часот и 30 минути додека неговиот син, 17-годишниот Е.С. се движел по улицата “Ангел Винички“ бил пресретнат од страна на две непознати лица.

Едното од нив извадило нож и го прободело во пределот на левата надколеница.

Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош и од страна на лекар констатирана е телесна  повреда.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.04.2018 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега