Акција на македонската полиција: Пронајдени десет гранати кај пензионер

Околу 15 часот  по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, од Единицата за недозволена трговија со дрога, од  Оддел за антитероризам и од Крим техника на место викано „Кабовска маала“  во селото Велешта, струшко, извршиле претрес во стара  куќа сопственост на 76-годишниот В.К. од селото Велешта.

При претресот, во куќата биле пронајдени 10 гранати за рачен фрлач и еден испукувач „РПГ“. Пронајдените експлозивни направи биле подигнати и однесени во Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

07.04.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега