Го нашол синот мртов на Велики Петок - ужас за татко од Радовиш

Уште една голема трагедија се случила на Велики петок во Македонија, кога во 08 часот и 25 минути во Полициската станица Радовиш, 73-годишниот Д.Р. пријавил дека на поткровјето на фабрика на улицата „Св.Спасо Радовишки“ го пронашол безживотното тело на неговиот син.

Се работи за 48-годишниот Д.Ц.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш, при што било констатирано дека смртта настапила како последица од труење со инсектицид. 

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

 

 

 

07.04.2018 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега