Видео: Тука биле уапсени убијците на членот на ДУИ - снимка од местото на злосторот

Телевизијата Арт канал од Тетово објави видео снимката од автомобил за кој се верува дека бил на учесници во вчерашната вооружена престрелка во тетовска Мала Речица во која беше убиен Наип Реџепи, влијателен член на ДУИ во Куманово.

На Фејсбук се појави видео од местото каде биле уапсени напаѓачите.

 

Полицијата информира дека „на 05.04.2018 година околу 18,20 часот пријавено е пукање од огнено оружје во с.Мала Речица, тетовско. Повредени биле Н.Р. (46) од с.Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите, Ф.М. (22) од с.Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје и С.Р.(41) од с.Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

 

 

 

06.04.2018 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега