Претепал се што му се испречило на патот - збеснат гостин ја демолираше пицеријата "Верона"
Вчера околу 23:30 часот, во пицеријата Верона, 36 годишниот Ајнур М. создал вистински хаос. Тој се збеснал, ги нападнал сопственикот на кафаната, неговиот син и уште неколку гости кои биле присутни во пицеријата.
Откако им "поделил" еден куп шлаканици на гостите и сопственикот, Ајнур почнал да го крши и инвентарот. Меѓу жртвите кои добиле ќотек од нескротливиот гостин се нашол и полицаец кој вечерта не бил на должност.
Ајнур подоцна вечерта бил уапсен од страна на полицијата. Од таму велат дека Ајнур ќе заработи соодветна пријава.