Јанакопулос: Промени во уставот за решение на името (Видео)

Спроти новата посета на шефот на грчката дипломатија на Македонија во деновите после Велигден, од која се очекува клучен развој на преговорите за името, портпаролот на грчката влада потврди дека во евентуалниот меѓународен договор што би го потпишале двете страни ќе стои обврска за промена на уставното име на земјава, јавува Сител.

Ѕанакопулос, прашан за евентуален грчки план „Б“ за потпишување договор со меѓународните организации, без да мине низ парламентите на двете земји, вели дека не постои никакво меѓународно прашање што може да се реши без меѓународен договор, во кој се наведени конкретни обврски за двете страни.

,,Што правиш кога треба да решиш еден билатерален проблем? Се договараш за еден правно обврзувачки текст што ги опишува обврските на двете страни. Односно, грчката страна ќе го признае соседот под името што ќе биде договорено, а соседот ќе се согласи. За грчката страна да го признае ова име и да преземе конкретни обврски една од нив ќе треба да е, како што многупати имаме јасно кажано, е промена на уставното име. Поранешната југословенска Република Македонија ќе ја преземе правната обврска да го промени уставното име, доколку сакаме да стигнеме до решение‘‘, вели Ѕанакопулос, говорејќи за грчката ТВ Алфа.

Во однос на тоа дали Атина бара измени и на одредени членови во македонскиот устав, Ѕанакопулос објаснува дека постојат различни правни толкувања, за што  се води дискусија на политичко и правно ниво. 

Министерот Коѕијас, пак продолжи со информирањето на лидерите на партиите за последната рунда преговори. Лидерот на Сојуз на централисти, Василис Левендис, по средбата со Коѕијас побара Грција да ја притисне земјава и да нема отстапки од позицијата против користење на терминот Македонија, иако му било јасно дека во сложеното име истиот ќе го има.

 

 

 

04.04.2018 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега