Независен: Следната недела средба Коѕијас-Димитров во Охрид

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, ќе имаат средба која ќе се одржи следниот четврток во Охрид, дознава Независен весник.

Се очекува шефот на грчката дипломатија да допатува на 11. од Белград во Охрид, а потоа да замине за Приштина.

Минатата седмица беше последната средба на Коѕијас и Димитров на која се разговараше за спорот со името, а потоа имаа и средба со медијаторот Нимиц.

 

 

 

04.04.2018 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега