Да навиваме за Македонија! - кошаркарите ќе си ги одмерат силите со Летонија
По синоќешниот пораз кој македонската кошаркарска репрезентација го доживеа од репрезентацијата на БиХ, денеска пред македонската фаланга е нов натпревар против репрезентацијата на Летонија.
Во Јесенице, Босна и Херцеговина ја победи Македонија со 62:54. По четвртини: 15:16; 13:13; 17:12 и 9:21.
Нашите кошаркари најдобро одиграа во третиот период кој го завршија со предност од 45:41, по што следуваа најлошите 10 минути на првенството во последната четвртина.
Повторно најдобар во македонскиот состав беше Лестер Бо Мекејлеб со 19 поени, а двоцифрен ефект имаше и Перо Антиќ со 17. Предводници до победата на БиХ беа Мирза Телетовиќ со 22 и Нихад Ѓедовиќ со 20 поени.
Денеска пред кошаркарите е нов предизвик. Со почеток во 14 часот и 30 минути Македонија игра против Летонија. Да навиваме за Македонија!