Двајца струмичани се претставувале како мајстор, земале пари а нарачаните производи не ги доставувале

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 53- годишниот К.Б од Струмица поради постоење основи на сомнение дека извршил пет кривични дела „измама“, казниво по член 247 став 1 и 2 од Кривичниот законик и против 56- годишниот И.М од Василево поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела „помагање“, казниво по член 24,  во врска со член 44 од Кривичниот законик на Република Македонија.

- Во периодот од декември лани до март годинава пријавените се појавувале во неселените места Василево, Добрашинци и Висока Маала, каде пред месното население К.Б. лажно се преставувувал како мајстор за изработка на кујни, комоди, ПВЦ и дрвена столарија, додека И.М. го искористувал неговото лично познанство и довербатата што ја имал кај оштетените, со цел полесно да ги убедат да нарачаат производи и да дадат парични средства на К.Б- се вели во соопштение од полицијата.

Нарачаните производи никогаш не биле изработени и доставени. 

На тој начин К.Б. се стекнал со имотна корист од 153.750 денари, а на штета  пет лица.

 

 

 

 

04.04.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега