Со сукало и ја искрши главата на сопругата - битолчанецот кој се обеси ја згрози Македонија

Во битолскиот затвор се случи трагедија кога 54-годишниот И.Д. се самоуби во затворската ќелија, каде бил повеќе од една година за грозоморно убиство кое ја згрози цела македонска јавност.

Затвореникот остана запаметен по тоа што со сукало и ја скрши главата и ја претепа до смрт сопругата, 47-годишната Е.Д. па лажно пријавил дека некој ја убил, по што полицијата ја откри вистината.

Тој пријавил дека дома ја пронашол сопругата без знаци на живот, облеана во крв. Со одземените алишта и предмети од него, како и обдукцијата, се утврдило дека тој е сторителот. Убиството го извршил по кавги за станот и неговите долгови.

Беше осуден за убиство на свиреп начин.

 

 

 

 

03.04.2018 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега