Метеоролозите со лоши вести за празникот - временска пргноза за Велигден

 

Метеоролозите соопштија нови информации во врска со временската проггноза за празникот Велигден, која можеби нема да ви се допадне.

УХМР информира дека за време на Велигденските празници времето ќе биде облачно со дожд и засилен ветер.

Врнежите ќе почнат од петок ноќта кога се очекува повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер, а во јужните делови ќе има појава на нестабилност и грмежи.

Врнежливо ќе биде и во сабота, а веќе од недела врнежите ќе престануваат.

До среда времето ќе биде претежно сончево со дневни температури во пораст, а во четврток се уште топло, но со зголемена облачност и услови за локален дожд.

 

 

 

02.04.2018 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега