Драма за скопјанец на кружниот тек во Ѓорче

Во 07 часот и 55 минути во Пoлициска станица Ѓорче Петров, 50-годишниот Р.М. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 03 часот и 45 минути, на кружниот тек во населба Ѓорче Петров додека управувал патничко моторно возило „Хонда Акорд“ со скопски регистарски ознаки во кое биле уште три лица, патничко моторно возило „Волксваген Кеди“ исто така со скопски регистарски ознаки му го пресекло патот. 

Возачот на „Кеди“ застанал и излегол од возилото со палка во рака и започнал да удира по прозорецот од возилото на пријавителот и да му упатува закани. Тогаш пријавителот излегол од возилото и се легитимирал дека е полициски службеник, по што возачот на „Кеди“го напуштил местото на настанот.

Се работи на целосно расчистување на случајот. За настанот е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

 

 

 

02.04.2018 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега