Сексизам и дискриминација во поезија на Агенцијата за млади и спорт - се бара оставка од директорот
Скандалозна поезија полна со сексизам, дискриминација и говор на омраза со уреднички потпис на директорот Дарко Каевски и пари на Агенцијата за млади и спорт ја згрози јавноста.
Како уредник на збирката е потпишан директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.
Од Агенцијата синоќа преку нивниот Фејсбук профил соопштија дека изборот на песни за збирката бил напревен од надворешна комисија, а АМС немале увид во содржината. Тие се оградија од содржината која содржи дискриминација.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска одржа прес-конференција на која го осуди начинот на кој се шири говор на омраза во песните, и потврди дека и покрај тоа што чувствува морална одговорност, сепак нема да поднесе оставка.
„Јас како директор на Агенција за млади и спорт чувствувам морална одговорност и се извинувам. Јас ги утврдив чекорите како треба да се имплементира целиот проект, но не и содржината. Ќе ја детектирам вината и ќе излеземе со став по тоа прашање – истакна Каевски.
Директорот истакна дека ќе биде направена истрага и ќе се утврдат виновниците, кои мора да сносат одговорност за настанатите пропусти.
Овој проект чинел 152 илјади денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа