Наместо минирање, карпата кај Велес ќе биде отстранета со компресија

Карпата на патот на излезот од Велес, наместо со минирање, како што беше претходно најавено,   ќе се отстрани на специфичен начин со компресија.

Ова, како што информираше Зоран Китанов, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, се одлучило по консултации со стручни лица.

- Се работи за друг систем на отстранување, можеби за нијанса малку поскап. Но, бидејќи знам дека ова прашање ги засега граѓаните од Велес, денеска мислам дека проблемот ќе биде надминат. Утре веќе патот ќе биде исчистен, за граѓаните да можат безбедно да се движат, нагласи директорот.

Ваков случај претходно имало и кај Делчево, па се решил на најдобар можен начин.

 

 

 

31.03.2018 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега