Заев: Не може некој што зема плата од 10.000 денари да плаќа ист данок како тој што зема 10.000 евра

 

Не треба да се плашиме од ниту една реформа што ќе биде исцрпена со дебата. Персоналниот данок на доход е владина програма, а тоа значи дека ќе се спроведе, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавеното прогресивно оданочување.

Заев нагласи дека Владата сака фер и правично општество и не може некој што има плата 10.000 денари да плаќа ист данок со некој што зема 10.000 евра.

- Ние не сме слепи имплементатори на нешто што сме ветиле и ни стои во некој документ. Целта е да се постигнат ефекти и бенефит за сите. Затоа, преку дебата ќе ја одредиме границата на другата стапка што ќе биде воведена, рече Заев.

Во дебатата, нагласи, треба да се вклучат бизнис заедницата, младите, здруженијата на потрошувачите,...

- Не ги брзаме работите. Отвораме дебата која треба да доведе до најисправно решение. Да оставиме луѓето да се изјаснат, институциите да изнесат аргументи. Ние сме левичари и веруваме во праведно оданочување, подвлече премиерот.

 

 

 

30.03.2018 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега