Заев: Mожно е да бараме мислење од Уставниот суд за надлежностите на Иванов

 

На денешната прес-конференција, премиерот Зоран Заев рече дека не е исклучена можноста да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за надлежностите на претседателот Иванов во случајот со одбивањето да го потпише указот за Законот за употребата на јазиците.

„Уставот е јасен - должност е на претседателот е да го потпише указот. Можно е да бараме мислење од Уставниот суд за надлежностите на Иванов. Претседателот може кога сака да ја урниса надлежноста на Собранието. Законодавниот дом ќе каже каква одлука ќе донесат. Може да се случи и за следните 30 закони претседателот да одлучи да не ги потпише указите и повторно да се гласаат. Тој може да одлучи да не го потпише, ама тогаш ја блокираме демократијата“, рече премиерот Заев.

 

 

 

27.03.2018 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега