Пипан: Со ваква игра ќе загубиме и од Летонија
Потвфрливме во скокот. Македонскиот селектор Алеш Пипан по поразот од Босна и Херцеговина вели дека Македонија мора да извлече поуки од овој меч, бидејќи со ваква игра ќе загубиме и од Летонија
-Кога ја победивме Србија пред два дена се радувавме, сега немаме причина за такво нешто. Сега сме ставени во ситуации самите да не одлучуваме за нашата судбина. Мораме да победиме со одредена разлика против Летонија, а во меѓувреме да се надеваме дека резултатите и од другите средби ќе одат во наш прилог. Што се однесува до оваа средба нашата концентрација падна во финишот на натпреварот и доживеавме тежок пораз од кој мораме да извлечеме поуки со цел да не ги повториме истите грешки и утре. Ако не смениме ништо нема да поминеме ништо подобро против Летонија. Потфрливме во пред се во скокот. Тимот треба да знае што треба да се прави на теренот, а тоа не беше случај во овој сегмент од играта денеска. Против Србија тоа беше еден од клучевите за нашата победа, но овој пат целосно потфрливме. Моите кошаркари како да очекуваа Босанците уште пред стартот на мечот да се предадат, но тоа не се случи. Противникот во средбата влезе крајно мотивирано, беше подобар од нас. Ние како да чекавме еден од друг некој да повлече. Тоа не беше нашата игра, тоа не беше нашето вистинско лице, изјави Алеш Пипан.