Дамките од бигор во кујната и купатилото ќе ги исчистите „ко на шала“ со само две состојки

Сите сме добро запознаени со најразлични средства за отстранување на бигор и нечистотија, без оглед дали се купени или домашно направени.

Но, бидејќи не ни е во корист секогаш да користиме агресивни средства, лимонската киселина се препорачува за чистење на бигор.

За среќа постои генијално решени, а вклучува две познати пијалоци - кока кола и водка. Да, звучи чудно, но тоа е сѐ што ви треба за отстранување на бигорот.

Измешајте ги овие две состојки во размер 50:50 и ставете ги во шише со распрскувач. Напрскајте ги местата кои треба да се исчистат и оставете да делува барем половина час или додека не се исуши. После тоа повторете ја постапката неколку пати. Кока колата и водката едноставно го „разјадуваат“ бигорот, а не ги оштетуваат чувствителните површини.

 

 

 

16.03.2018 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега