Рочиште за „Т.Н.Т.“ во Кривичен суд

Во Кривичниот суд денеска продолжи судењето за предметот „Т.Н.Т“ на Специјалното јавно обвинителство за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

На денешното рочоште присуствуваат сите обвинети - поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Одбраната побара да и биде дадено дополнително време за воведни говори бидејќи имало дополнителни докази од СЈО кои обвинетите доцна ги добиле.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Обвинетите на претходното рочиште се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Тие требаше да извршат увид во доказите на СЈО, односно на 26 аудиоснимки од телефонски разговори, 50 СМС-пораки и едно вештачење.

Во Кривичниот суд денеска треба да почне и судењето за предметот „Титаник 3“

 

 

 

16.03.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега