Гаши бесен: Грешката дека не сум гласал е направена намерно

Претседателот и пратеник на БЕСА, Африм Гаши, вели дека гласал вчера за Законот за употреба на јазиците и покрај тоа што на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал, па вели штом го немало него и Села, тоа било намерно.

-Сигурно има нешто, може да е намерно направено. Како може само јас и Села според листингот да не сме гласале. Има некоја тенденција, но ако немаме докази не можеме да тврдиме – вели Гаши за „Фокус“.

Тој ќе побара од Собранието да испрати соопштение до јавноста каде ќе објасни зошто погрешно се регистрирани нивните гласови, а бара и да се објави видео материјалот.

 

 

 

15.03.2018 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега