Слепите лица ќе добијат звучни апарати за мерење шеќер во крвта и притисок

Лицата со оштетен вид членови на Центарот за поддршка што функционира во рамки на Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе добијат звучни апарти за мерење шеќер во крвта и крвен притисок. 

Апаратите се донација на Државна лотарија на Македонија, а се доделува во рамки на „Проектот на УСАИД и Лајонс Клуб Меѓународната Фондација за децата со пречки во видот“.

- Здравствената превенција е една од основните активности на Црвениот крст и е од голема важност за нашите корисници/лица со оштетен вид. Донацијата ни е од исклучителна важност за Центарот и за лицата со оштетен вид и истата подразбира унапредување на услугите кои ги нуди центарот и олеснување на секојдневното живеење на оваа ранлива категорија на население, велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид е во функција на лицата со оштетен вид и нивните родители кои на дневна основа имаат можност да партиципираат на едукативни работилници, активности за психо-социјална поддршка, здравствена превенција и унапредување на информираноста за нивните права како предуслов за севкупно унапредување на животните вешитини и нивното понатамошно вработување.

 

 

 

15.03.2018 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега