Мицкоски: Вчера најмалку три пати го предвидев ова денешно сценарио

Во текот на вчерашниот ден најмалку три пати го предвидев сценариото кое што денеска Талат Џафери поддржан од Зоран Заев го спроведува во Собранието на Република Македонија, емотивен ден, одговори лидеротк на ВМРО – ДПМНЕ, Хрисијан Мицкоски на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

– Врз основа на тие емоции кои што се резултат на некаква акција се случува реакција и не би сакал понатаму да коментирам бидејќи ова навистина беше тежок ден за Република Македонија, тежок ден за демократијата, тежок ден за пратениците. Во Собранието на Република Македонија се суспендираше нивното елементарно право на дискусија во рамките на законодавниот дом направени се низа преседани. За тие преседани мора некој да сноси одговорност, а кога тогаш и ќе сноси одговорност, истакна Мицкоски.

 

 

 

14.03.2018 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега