Време: Неверојатни температури за 1 Мај

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и доста топло. Во западните делови попладне ќе има извесно зголемување на облачноста, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд со грмежи. Претежно ќе биде тивко, само локално ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 28 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и доста топло со мала облачност, а кон крајот на денот и со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

УВ-индексот утре ќе има висока вредност 8.

Во наредните денови ќе продолжи сончево и топло време. Во четврток температурата ќе има тенденција на опаѓање, но во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.