Видео: 37. години од формирањето на Тигрите - „Најдобри меѓу најдобрите“

Припадниците на Единицата за специјални задачи не прават горди, но истовремено прават да се чувствуваме безбедни и сигурни. Ова денеска го изјави министерот Оливер Спасовски на одбележувањето 37. години од формирањето на Единицата за специјални задачи.

-Почнувајќи од 1981 година па до денес, оваа единица е гарант на безбедноста и сигурноста на државата и нејзините граѓани. Составена е од високопрофилирани професионлци, кои воспоставија строги критериуми и дисциплина за нејзино дејствување. Глобалните закани предизвикуваат аларм во секое општество и држава. Борбата против сите облици на криминал, а особено борбата против тероризмот бараат добро подготвен и функционален систем на национална безбедност. Тигрите се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита. Подготвени да дејствуваат во непредвидени ситуации, со исклучително висок ризик по сопствениот живот, најчесто во животно загрозувачки ситуации овие припадници дејствуваат единствено под командата за заштита и чување на државата и граѓаните- рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцира дека е неопходно оваа исклучително чувствителна задача да им се остави на професионалците.

-Ја упатувам мојата поддршка секогаш да ги браните своите професионални интереси, чесно и одговорно како што им доликува на Тигрите, зошто само така ја браните државата и ги чувате граѓаните. Не дозволувајте моќта на власта да ви го наруши угледот, и вашиот и на државата. Но, покрај мојата поддршка за професионално дејствување, ја имате и мојата поддршка за модернизација и опремување на оваа единица, како и полицијата во целина. Само задоволна полиција може да одговори во целост на современите предизвици. Легитимно е да зборуваме за вашите одговорности и задачи, но не смееме да заборавиме и на вашите потреби и неопходности за ефикасно дејствување. Тековите во општеството често предизвикуваат несакани појави, но заедно ќе ги надминеме и ќе ги елиминираме негативните последици. Ви стојам на располагање, како и досега да ги зачуваме и унапредиме професионалните стандарди за ваше дејствување. Да создадеме услови за ефикасно функционирање на системот на безбедност и сигурност. Почитувани припадници на Единицата за специјални задачи, ви го честитам денот на вашето формирање и заедно да се вложиме во сите ваши наредни успеси, тоа се успеси на државата- рече министерот Спасовски.

 

 

 

13.03.2018 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега