Утре седница за Законот за јазиците - ВМРО-ДПМНЕ не исклучува блокирање

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на најавата од премиерот Зоран Заев дека Законот за јазици ќе се гласа без разгледување на амандманите вели дека тоа е против уставно.

„Не сакам да верувам дека гласањето ќе биде без да се разгледаат амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Уверен сум дека ќе се следи деловникот и Уставот. Амандманите мора да се разгледаат. Не учествуваме на координација со Џафери и остануваме на нашите ставови“, вели Данев, пренесе Макфакс.

Данев вели дека сеуште се разгледува прашањето какви мерки би превзела партијата.

 

 

 

13.03.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега