Груевски: Оставете му време на Мицкоски да се се докаже

Екс премиерот Никола Груевски денеска се појави на судското рочиште за Насилство во Центар, кое беше повторно одложено. Тој на новинарско прашање одговори дека со новиот лидер на ВМРО-ДМНЕ ретко се гледа и дека тој самостојно ја води партијата.

- Тоа е ново раководство, си имаат свои приоритети. На почеток се на својот мандат и треба да им се остави време за да се докажат со работењето, да ги покажат своите идеи, изјави Груевски пред Судот.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година. 

 

 

 

13.03.2018 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега