Самарас: Од идната година рецесијата ќе биде минато за Грција

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави денеска дека шестте години на рецесија, кои ја турнаа Грција во најдлабоката криза во изминатите децении, ќе завршат следната година и оти економијата на земјата ќе почне да се обновува, за во 2020 година да достигне пивисоко ниво на напредок. 

Самарас рече дека Грција ги исполнила задачите за намалување на огромниот буџетски дефицит и сега останува на меѓународните кредитори да го исполнат својот дел од спогодбата. 

Грчкиот премиер ја исклучи можноста за воведување дополнителни економски мерки во случај на одобрување на нов кредит од околу 10,9 милијарди евра за покривање на потребите на земјата за периодот 2014-2015 година. 

- Нови мерки, освен оние за кои веќе постигнавме согласност, нема да се воведуваат. Земјата нема да издржи нови мерки, нагласи тој.

Четири илјади полицајци беа ангажирани денеска поради очекуваните масовни протести на синдикатите во Солун, каде премиерот го одржа традиционалниот говор. 

07.09.2013 - 13:22
Фото: 
Сител

најчитано сега