УХМР: Благо намалување на водостите во Македонија

 Водостоите на речиси сите реки во земјава се повисоки од просекот за март, но има благо намалување на нивното ниво во однос на вчера, покажуваат најновите мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Крива Река на мерното место кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово каде водостојот е понизок од вообичаениот за овој месец.

Нивоата на природните езера во земјава се во рамките на повеќегодишниот просек за март.

 

 

 

12.03.2018 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега