Напладне протест на новинарите пред Владата

 

Во организација на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) денеска напладне пред Владата на Република ќе се одржи протест на новинарите.

Како што се наведува во соопштението од ССНМ, од Владата ќе биде побарано на дело да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите.

Повод за протестот, како што стои, се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалицискиот партнер во Владата ДУИ, Бекир Асани.

 

 

 

12.03.2018 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега