МВР потврди: Уапсениот за поткуп е вработен во кабинетот на Спасовски
Министерство за внатрешни работи и официјално ја потврди информацијата на Press24 за апсењето на високиот функционер во МВР.
„По налог на ОЈО, денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од КЗ "Злоупотреба на службена положба и овластување" – се вели во краткиот допис од МВР.
Според неофицијалните информации, Д.С е уапсен за примање поткуп.
Д.С. бил исклучително близок до Спасовски и бил претседател и на дисциплинските комисии во полицијата како и член на комисијата за доделување дозвола за поседување на оружје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа