„Браво момци! Честита победа!“ - Груевски горд на македонските кошаркари
Премиерот Никола Груевски на социјалната мрежа Фејсбук им ја честиташе синоќешната победа на македонските кошаркари над Србија со 89:75.
- „Браво момци! Честита победа!“ - напиша македонскиот премиер кој синоќа и пред натпреварот им даде поддршка на македонските кошаркари.
- „Напред момци, Македонија секогаш ќе биде со вас! Благодарни секогаш!“, вели македонскиот премиер во поддршката до македонските кошаркари.
Дефинитивно со синоќешниот натпревар кошаркарите ја оправдаа довербата на македонскиот народ.
07.09.2013 - 10:30