Трајчевска: Продолжува скандалозното работење на СДСМ во општина Битола

Скандалозното раководење на локалната самоуправа на власта на СДСМ продолжува, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ Битола.

-Поминаа повеќе од четири месеци од втората седница на Советот на општина Битола кога мнозинството недвоумејќи се ги изгласа и верификува мандатите на членовите на управни и надзорни одбори без да се објават нивните биографии и покрај тоа што апелиравме дека ова е скандал, сосема нетранспарентно и недемократски. Со оглед на тоа што и покрај нашите барања во повеќе наврати да се објават биографиите на овие лица со цел да се утврди дали истите ги исполнуваат законски пропишаните услови, локалната власт остана глува, одбива тоа да го направи, што ни дава за право да веруваме дека освен тоа што се партиски послушници новоименуваните членови не ги исполнуваат условите и се незаконски поставени, истакна Елена Трајчевска.

Таа потенцира дека Законот пропишува дека секое именувано лице мора да има најмалку три годишно работно искуство од областа, да не е осудуван и да има меѓународно признат сертификат за познавање на странски јазик.

-Прашуваме зошто толку невешто и упорно се кријат податоците за овие лица но и апелираме дека во изминатиот период управните и надзорните одбори заседаваа и носеа одлуки што претставува сериозно казниво дело доколку има членови кои не ги исполнуваат законските услови, вели Трајчевска.

 

 

 

09.03.2018 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега