Ќе патувате некаде? - еве ја состојбата на патиштата
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во моментов се одвива по суви коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.
На патниот правец Маврово - Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.
Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот/Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.
Укинат е ограничениот режим за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони на патнот правец Гостивар-Охрид-Гостивар и ограничениот режим за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони на државните патишта во Република Македонија.
Почнувајќи од 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.