Идејата за отварање на грчкиот Устав ги збесна Грците: Изјавите на Заев примени како провокација

 

Идејата за отворање на грчкиот Устав, која ја изнесе премиерот Зоран Заев ја разбранува грчката јавност, предизвика негативни коментари, но ја отвори и опцијата за постигнување меѓународен надуставен договор.

- Идентитетот е чувство и за него не можете да преговарате, да се ценкате. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно кон партнерите со кои преговараме ќе изнајдеме решение, а истовремено да се отвори и Уставот на Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција. Јас сум подготвен, како тие водат грижа за Грците надвор од Грција, така и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија, соодветно исто, рече Заев.

Според потпретседателот на Европскиот парламент и шеф на еврогрупата на СИРИЗА, Димитрис Пападимуилис најдобриот начин за да се постигне решение за македонското прашање е да се стави крај Времената спогодба од 1995 со меѓународен договор со надуставна сила. Како пример го наведе Лозанскиот договор.

- Најдобриот начин е со меѓународен договор со надуставна сила, со комплетни и обезбедени меѓународни гаранции како што е Лозанскиот договор (што не може никој да го смени) и ќе треба да се обезбедат две големи национални барања. Прво, сложено име, заемно прифатливо, ерга омнес, за сите употреби и второ, конечно напуштање на секаков вид на иредентизам, вели тој.

Како пример го наведе Лозанскиот договор.

- Најдобриот начин е со меѓународен договор со надуставна сила, со комплетни и обезбедени меѓународни гаранции како што е Лозанскиот договор (што не може никој да го смени) и ќе треба да се обезбедат две големи национални барања. Прво, сложено име, заемно прифатливо, ерга омнес, за сите употреби и второ, конечно напуштање на секаков вид на иредентизам. А иредентизмот да се замени со спогодба за пријателство и соработка меѓу двете земји, втемелена во стабилноста и неоспорувањето на постоечките граници, спогодба што ќе биде „заклучена во меѓународен договор, што ќе има гаранции и потпис од Европската унија, ОН, објасни Пападимулис.

Во однос на разговорите за името, Пападимулис смета дека треба да има повеќе преговори, а помалку интервјуа.

Изјавата на Заев е оценете како провокација.

 

 

 

08.03.2018 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега