Се празнува 8 март: Во Македонија има повеќе жени од мажи, имаат подолг живот и повисоко образование

Денеска е 8 март, меѓународен ден на жената.

По повод празникот, Платформата за родова еднаквост ќе организира Марш за човекови права, кој ќе почне од Жена Парк, преку плоштадот Македонија, Камениот Мост и ќе заврши на плоштадот Филип Втори.

Министерството за одбрана организира трибина на тема „Родова перспектива во одбраната " која ќе се одржи во Воениот музеј во Скопје По повод 8 март, Конфедерацијата на слободмни синдикати (КСС) ќе се приклучи на кампањата за спречување родово базирано насилство на работа и ќе организира настан на кој ќе биде поделен печатен материјал. Симфониски концерт насловен „Женски приказни".

Статистичките податоци говорат дека 49,9 проценти од населението во Македонија се жени и дека тие живеат четири години подолго од мажот, а просечниот живот им е 77,4 години. Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 58 проценти или 4.787, како и бројот на жени магистри односно 58,9 проценти или нивниот број изнесува1.107.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на жени доктори на науки изнесува 111 жени доктори на науки. 

 

 

 

08.03.2018 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега