Град Скопје ќе прави адреналинска жичница од Кале до Градски Парк

Град Скопје ќе гради зиплајн, жичница која ќе се спушта од Музејот на современа уметност на Кале преку реката Вардар до Градскиот парк кај стадионот, пренесува СДК.

Адреналинската жичница, според проектот ќе биде во должина од 400 метри, ќе биде опремена со соодветна безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето. Тендерот за изградба на жичницата ќе биде распишан пролетва а со неа ќе стопанисува ЈСП „Скопје“ или приватен концесионер.

„За изградбата на оваа нова туристичка и рекреативна содржина предвидено е да се потрошат меѓу 2 и 3 милиони денари. При тоа процесот на градење не предвидува градење на објекти кои непотребно би зафаќале дополнителен простор на почетната и крајната точка од жицата“, велат од Град Скопје.

Се смета дека ќе ја зголеми туристичката понуда.

 

 

 

07.03.2018 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега