По повредата Чековски нема да може да им помогне на своите колеги

 

Ѓорѓи Чековски нема да може да игра за Македонија во продолжението на Европскиот кошаркарски шампипонат во Словенија бидејќи по повредата со која се здоби за време на вчерашниот натпревар со Литванија, констатирано е кинење на мускулот.

Ова е дополнителен проблем за селекторот Алеш Пипан и репрезентацијата на Македонија имајќи ги предвид двата пораза на стартот, како и улогата на Чековски во националниот тим, односно неговиот придонес во дуелите под обрачите.

Вечерва Македонија во рамките од 3.коло на групата Б во Јесенице за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија. Натпреварот започнува во 21 часот. 

06.09.2013 - 13:19
Фото: 
вклучисе.мк

најчитано сега